Серија А

Несторовски ја запечати победата на Удинезе кај Рома и обезбеди три важни бода (ВИДЕО)

Илија Несторовски беше стрелец за Удинезе во славјето од 0-2 на гостувањето кај Рома, Македонецот влезе од клупата и ги реши сите дилеми околу победникот.

Удинезе направи изненадување на „Олимпико“ и стигна до три бода со кои полесно се дише, „црно-белите“ сега се на +6 во однос на зоната за испаѓање.

Гостите одлично го отворија мечот и поведоа во 12. минута, катастрофалниот шут на Де Паул се претвори во идеална асистенција за Лазања, кој од работ на петерецот закачи волеј за 0-1.

По половина час игра, Рома остана со играч помалку, Пероти заработи црвен картон, па домаќините имаа значително отежната работа во продолжението од мечот.

Дилемите околу победникот беа решени во 78. минута, Илија Несторовски ја дотепа „волчицата“. Десетина минути по влегувањето во игра, Македонецот доби идеална топка од Де Паул и рутински ја затресе мрежата за 0-2.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе