Серија Б

Несторовски изнуди и реализираше пенал но тоа не беше доволно за Палермо (ВИДЕО)

„Сицилијанците“ го забележаа вториот пораз во низа откако Фоџа со пресврт славеше со 1-2 на Ренцо Барбера, Илија Несторовски изнуди и реализираше пенал, но тоа беше залудно

Палермо пропушти шанса да се изедначи на врвот на табелата со Емполи и Фросиноне откако вечерва загуби пред своите фанови во пресметката со Фоџа.

По едно мирно прво полувреме, вторите 45 минути беа прилично возбудливи. Најпрво Илија Несторовски сам изнуди пенал и беспрекорно ја изведе најстрогата казна за 1-0.

Но само неколку минути подоцна Коронадо стартуваше опасно и доби директен црвен картон.

Гостите веднаш ја искористија бројчаната предност, Дуамел донесе 1-1 во 78. минута, а Крагл со „проектил“ во 84. минута ги потопи „Сицилијанците“ и донесе победа за гостите.

 

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе