Серија А

Несторовски и Удинезе настрадаа кај Аталанта со седум гола, Елмас и Наполи само до бод кај СПАЛ (ВИДЕО)

Илија Несторовски и неговиот Удинезе доживеаја тежок пораз на гостувањето кај Аталанта и загубија со 7-1, Елиф Елмас и Наполи киксираа и се враќаат само со бод од пресметката со СПАЛ.

Горан Пандев вчера постигна гол во победата на Џенова од 3-1, но другите двајца Македонци во Серија А немаа толку добар викенд. 

Илија Несторовски не доби шанса на гостувањето кај Аталанта и остана на клупата, а неговиот тим настрада со седум гола. „Бело-црните“ од Удине добро го започнаа мечот и поведоа преку Окака, но десетина минути подоцна Иличиќ изедначи на 1-1. Во 32. минута Опоку заработи втор жолт картон и ова беше клучен момент. Муриел 180 секунди подоцна од пенал донесе 2-1 а Иличиќ пред крајот на првито дел погоди за 3-1. 

На стартот од вторито дел паднаа два брзи гола, Муриел биеше за 4-1, а Пасалиќ за 5-1. Муриel во 75. минута одново беше прецизен од белата точка за хет-трик и 6-1, а точка на натпреварот стави Траоре во 83. минута.

Елиф Елмас беше стартер за Наполи на гостувањето кај СПАЛ, Македонецот не одигра на потребното ниво па беше прв играч кој го напушти теренот во продолжението од мечот.

„Наполитанците“ поведоа преку Милик во 9. минута, но Куртиќ изедначи брзо и донесе 1-1 во 16. минута. Двата тима имаа свои шанси, Оспина спречи водство на СПАЛ на стартот од вториот дел, а Руиз ја погоди стативата на спротивната страна.

 

На последниот натпревар од 15 часот, Торино и Каљари одиграа 1-1, а на првиот денешен натпревар, Болоња со 2-1 триумфираше против Сампдорија.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе