Премиерлига

Неславно деби за Лампард, Манчестер јунајтед ја наполни мрежата на Челси (ВИДЕО)

Френк Лампард дебитираше како тренер во Премиерлигата со тежок пораз на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед го доби дербито со Челси со убедливи 4-0.

Во последниот натпревар од првото коло од новата сезона во Англија, Манчестер јунајтед ја наполни мрежата на Челси. Френк Лампард имаше неславно деби како тренер во Премиерлигата и со тежок пораз ќе си замине од Олд Трафорд.

„Сините“ не беа толку лоши во првиот дел, два пати ја погодија рамката од голот, а и примија гол по еден наивен пенал кој го направи Зума, Рашфорд беше сигурен од белата точка.

Сепак, Челси потфрли во продолжението од мечот, и во период од 90 секунди прими два гола. Најпрво Марсијал реализираше за 2-0 а потоа Рашфрд со својот втор гол најави убедлива победа.

Конечните 4-0 беа дело на дебитантот Даниел Џејмс, кој со својот прв удар во дресот на „ѓаволите“ се запиша во листата на стрелците.

Претходно денеска, Арсенал со голот на Обамејанг триумфираше со 1-0 на гостувањето кај Њукасл, додека Лестер и Вулверхемптон одиграа натпревар без погодоци.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе