Фудбалот победи

Неславен крај на Суперлигата, траеше 48 часа

Доцна синоќа Суперлигата соопшти дека проектот е суспендиран, но ќе се вратат со нов модел во друго време, претходно сите англиски екипи преку соопштенија објавија дека излегуваат од лигата. 

Ноќта на 18. април Суперлигата го објави стартот на проектот, следниот ден Флорентино Перез на еден од шпанските медиуми даде големо интервју за проектот, а ноќта на 20. април објавија крај. 
 
Раководството на Суперлигата е премногу гордо да го признае поразот, па во соопштението велат дека проектот е привремено суспендиран и во догледно време со некои промени ќе се вратат.
 
 
Но јасно е дека тоа нема да може да се случи во блиска иднина. Главната победа за фудбалот ја извојуваа Англичаните, а газдите на тие шест клубови ја почувствуваа моќта на фановите и јавноста, па сигурно дека нема да им падне на памет да влегуваат во некоја слична авантура.
 
На крајот на Суперлигата претходеа соопштенија од сите англиски клубови кои во ист период преку своите портали објавија повлекување од проектот, некои од нив дури и им се извинија на своите фанови.
 
Суперлигата траеше само два дена, но успеа да го обедини фудбалскиот свет и да ја покаже силата на фановите и јавноста. Особено во Англија каде што оваа игра е традиција, светост и никој не може да ја присвои и да ја обликува како што тој сака.
 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе