Реал Мадрид вчера доживеа нов шок пред своите фанови, Бетис со гол во 94. минута го замолкна Сантијаго Бернабеу.
Шампионот на Шпанија требаше да испише историја откако во претходното коло го изедначи достигнувањето на Сантош и Пеле, но на крајот остана и без рекорд и без бодови.
„Кралевите“ имаа голем број на шанси но никако не успеваа да го скршат отпорот на противникот.
Очигледно нервозата и немоќта си го нправи своето, па Реал Мадрид во финишот од средбата во еден момент имаше 12 играчи на терен.
По повредата на Марсело, Зинедин Зидан реши да направи двојна измена. И додека левиот бек го напушташе теренот, во игра влезе Лукас Вазкез. Во исто време на теренот истрча и Борха Мајорал со оглед на тоа дека на таблата за замени стоеа броевите 12 и 21.
Со оглед на тоа дека не излезе уште еден играч, судијата ја запре играта, почна да бори колку играчи Реал има на терен, и му кажа на Зинедин Зидан дека мора да извади уште еден фудбалер, а изборот падна на Лука Модриќ.