Емотивна порака на „дијамантот“

Непроценлива мотивација: Поракта на Елмас до соиграчите пред пресметката со Косово (ВИДЕО)

Елиф Елмас не можеше да помогне против Косово, па пред почетокот на мечот испратил емотивна порака до Горан Пандев и останатите како мотивација плус за победа и пласман во финале.

„Дијамантот“ важи за една од најважните алки во играта на Македонија, но вечерва не можеше да помогне против Косово. Елиф Елмас е позитивен на коронавирус и во карантин во својот дом во Неапол.

Тој сепак го облече дресот на репрезентацијата и пред почетокот на мечот испратил емотивна порака до Горан Пандев и останатите како мотивација плус за победа.

„Не можам да бидам со вас, но тоа е што е, да сум здрав и жив. Моето срце секогаш е со вас. Ви посакувам многу среќа. Знаете за што играте, знаете дека играте за едно големо натпреварување како Европското првенство. Дека играте за бате Горан, за цела Македонија, за цела нација. Играте за вас, за вашите семејства, децата кои сонуваат да ве видат на големо натпреварување. Знам и сигурен сум дека ќе излезете како победници. Немам што друго да кажам, се гордеам со вас“ – порача Елмас.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе