Серија А

Непријатен пораз за Наполи во борбата за Скудетото (ВИДЕО)

Удар за Наполи во битката за Скудетото, загубија од Фиорентина на свој терен со 3-2, Елиф Елмас ги одигра само последните десет минути. 

Пораз на Наполи на кој се израдуваа Милан и Интер, Наполитанците немаат право на кикс, но го направија тоа, загубија на свој терен од Фиорентина.
 
Фиорентина поведе со гол на Гонзалес во 29. минута, Мертенс во 58. минута изедначи на 1-1 и се изгледаше дека Наполи се враќа, но следуваше шок.
 
Иконе во 66. минута го врати водството на Фиорентина, а шест минути подоцна Кабрал зголеми и на 3-1.
 
Во 84. минута Осимен намали на 3-2, но до крајот на мечот Наполи не постигна уште некој гол за да избегне пораз.
 
Елмас во игра влезе во 80. минута од натпреварот.
 
Сасуоло со 2-1 ја победи Аталанта, со истиот резултат Удинезе славеше на гостувањето кај Венеција.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе