Римскиот клуб потврди

Немања Матиќ е нов фудбалер на Рома

Немања Матиќ е нов фудбалер на Рома, римскиот клуб го потврди неговиот ангажман, тој доаѓа по желба на Жозе Мурињо. 

Немања Матиќ и по третпат ќе работи со Жозе Мурињо, овојпат искусниот фудбалер ќе игра во Рома.
 
„Клубот со задоволство може да го потврди потпишувањето со Немања Матиќ. 33-годишниот фудбалер стави потпис на едногодишен договор со трајност до 30 јуни 2023 година“, стои во соопштението на Рома.
 
Српскиот фудбалер е среќен што ќе игра за Рома и за Жозе Мурињо.
 
„Задоволство и чест ми е што доаѓам во овој клуб и не можам да дочекам да ја почнам сезоната со моите соиграчи“, вели Матиќ.
 
„Рома е голем клуб со неверојатни фанови и тренер, Жозе Мурињо кој добро им е познат на сите. Се надевам дека со него ќе оствариме големи работи“.
 
Матиќ ќе го носи дресот со број 21.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе