Реал Мадрид

Нема веќе бегање, денеска Перез и Модриќ ќе одлучуваат за иднината на Хрватот

Денеска треба да се одржи долго најавуваниот состанок меѓу претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и Лука Модриќ по што ќе се знае дали тој ќе направи трансфер во Интер.

По неколку одложувања, се очекува денеска да се случи тој состанок меѓу Перез и Модриќ за иднината на Хрватот. Најзаинтересиран за овој разговор е Интер кој ќе дознае дали ќе може да го ангажира Лука.
 
Додека италијанските медиуми тврдат дека Лука Модриќ форсира трансфер во Интер, шпанските пишуваат дека не е толку драматично како што се објавува во Италија.
 
Интер полага надеж во информациите дека Модриќ и Перез имаат џентлменски договор според кој ако Хрватот сака да замине тоа ќе биде за разумна сума.
 
Но, Реал Мадрид не би сакал лесно да загуби уште една ѕвезда во овој преоден рок па се верува дека на денешниот состанок Перез ќе му предложи нов договор на Модриќ со повисока плата, дури 12 милиони евра годишно.
 
Како за споредба, Интер на Модриќ му нуди плата од 10 милиони евра по сезона и четиригодишен договор.
 
Ако се случи најавениот состанок денеска, работите брзо ќе станат многу јасни и ќе заврши трансфер сагата на Модриќ без разлика каква ќе биде одлуката.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе