Младата ѕвезда на Рома ја чека нова долга пауза

Нема среќа: Ѕаниоло ги оштети лигаментите и на другото колено

Николо Ѕаниоло доживеа нов пех, младиот фудбалер синоќа против Холандија ги оштети лигаментите на левото колено, утре ќе биде опериран и ќе паузира нови шест месеци.

Младата ѕвезда на Рома очигледно нема среќа. Откако ги оштети предните вкрстени лигаменти на десното колено во јануари, синоќа настрада и левото колено.

На дуелот помеѓу Холандија и Италија во Лигата на Нации, Николо Ѕаниоло мораше да го напушти теренот пред крајот на првиот дел, а најстрашните предвидувања беа потврдени утрово по деталните прегледи во Рим.

Оштетени се предните вкрстени лигаменти, играчот мора да оди под нож и операцијата е закажана веќа за утре.

Николо Ѕаниоло сега го чека нова пауза од шест месеци, но тој не очајува и најави дека ќе се врати наскоро.

„За сите оние кои ме прашуваа како сум, утрово направив тестови кои покажаа дека се оштетени предните вкрстени лигаменти на левото колено! Им благодарам на сите за поддршката... Ќе се вратам наскоро!“ - напиша играчот на социјалните мрежи.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе