Никој не тропнал на вратата на „кралевите“

Нема понуди за Герет Бејл, Реал ќе го испраќа Велшанецот на позајмица?!

Според пишувањата на Марка, Реал Мадрид до овој момент нема добиено ниту една конкретна понуда за услугите на Герет Бејл, па ја разгледува можноста да го испрати Велшанецот на позајмица.

Реал Мадрид и Зинедин Зидан не сметаат на Герет Бејл за следната сезона, агентот на играчот веќе е известен дека може да бара нова дестинација. Но „кралевите“ се соочуваат со проблем, до сега нема пристигнато ниту една конкретна понуда.

Како што пренесува Марка, нема официјален интерес за Велшанецот и покрај тоа што низ медиумите често има шпекулации за неговата иднина.

Реал Мадрид се надева дека неколку клубови од Премиерлигата ќе пројават интерес за Герет Бејл, прва опција им е Манчестер јунајтед, но до овој момент никој не тропнал на вратата на „кралевите“.

Марка посочува дека клубовите кои можат да си го дозволат Герет Бејл (високата сума за трансфер како и платата од околу 17 милиони евра годишно) се малку, ПСЖ и Баерн Минхен се други опции, но ниту тие не се подготвени да ризикуваат со играч кој наскоро ќе наполни 30 години а во минатото имаше и големи проблеми со повредите.

Па Реал Мадрид е подготвен за план Б и да му дозволи на фудбалерот да замине на позајмица со опција за перманентен трансфер, како што тоа беше случајот со Хамес Родригез пред две години.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе