Премиерлига

Нема одмор за Алиоски, одигра цел меч за Лидс, неговиот тим го победи Шефилд (ВИДЕО)

И покрај тоа што за шест дена одигра три меча за Македонија, Езгјан Алиоски доби 90 минути и за Лидс против Шефилд јунајтед, неговиот тим победи со 2-1. 

Поради напорот со македонската репрезентација, се очекуваше Алиоски да добие поштеда од тренерот на Лидс, но Биелса реши да го игра нашиот фудбалер од самиот почеток, па до крај.
 
Лидс поведе во 12. минута со гол на Харисон, но во судиското продолжение Осброн изедначи на 1-1.
 
Сепа рано во вториот дел Јагиелка си постигна автогол за водство на Лидс од 2-1, што беше и конечен резултат.
 
До крајот на мечот Лидс имаше уште неколку шанси и за поубедлива победа, но важно е дека ги освоија трите бода.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе