Како дел од истрагата по обвинувањата дека силувал девојка во 2009

Нема мир за Роналдо, полицијата од Лас Вегас издаде налог за ДНК примерок од Португалецот

До судскиот систем во Италија пристигнал налог кој е издаден од полицијата на Лас Вегас, се бара ДНК примерок од Кристијано Роналво како дел од истрагата за можно силување.

Португалецот изминативе месеци е во центарот на вниманието на медиумите не само поради рекордниот трансфер во Јувентус и одличната голгетерска форма во Серија А, туку и поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Весникот „Шпигел“ повикувајќи се на документи од Фудбал Ликс објави дека ЦР7 во 2009 силувал девојка, но потоа и платил 375.000 долари за да молчи. Подоцна се огласи и самата девојка, Катрин Мајорга која детално опиша што се случувало во хотелската соба на Португалецот во Лас Вегас.

Па беше отворена истрага и како дел од процесот, полицијата од Лас Вегас сега изадала налаг за ДНК примерот од Кристијано Роналдо. Како што пишува „Вол стрит џурнал“ налогот веќе е доставен до судскиот систем во Италија.

Кристијано Роналдо постојано категорично демантираше дека ја силувал Катрин Мајорга.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе