ФК Вардар

Нема кој да го спаси Вардар, клубот пропаѓа, фудбалерите добија дозвола да си одат

Фудбалскиот клуб Вардар е пред пропаст, на играчите им било кажано дека се слободни да си бараат нови клубови, Самсоненко крена раце, нема кој да ги врати долговите и да го спаси клубот. 

Вардар повторно е на амбисот, клубот го тресе голема криза, а не беше многу одамна кога го постигна најголемиот успех во историјата, пласманот во групната фаза од Лига Европа.
 
Денеска на фудбалерите им било кажано дека се слободни да си бараат нови клубови, бидејќи Вардар не може да ги подмири обврските кон нив.
 
Самсоненко пред неколку месеци најави дека си заминува, тој ќе потпише со фудбалерите нотарски гаранции дека до крајот на годината ќе ги исплати долговите кон нив, но иднината на клубот е неизвесна.
 
Вардар сега повторно е во рацете на градот Скопје, но со долг од околу три милиони евра. 
 
Бугаринот Благој Георгиев беше надежта дека Вардар ќе се спаси, тој два пати беше на состанок во Скопје за превземање на клубот, но разговорите завршија неуспешно.
 
Вардар ја освои титулата, во составот имаше талентирани фудбалери кои можеше да ги продаде и да врати голем дел од долговите, но раководството не на нивото на името и реномето на клубот а тоа ги донесе црвено-црните до дното.
 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе