Лига на шампиони

Нема европска пролет за Црвена зведа, Баерн Минхен уште еднаш го победи Тотнем (ВИДЕО)

Со гол од пенал во финишот од мечот Олимпијакос со 1-0 ја победи Црвена звезда и ја исфрли од Европа, Баерн Минхен со 3-1 го совлада комбинираниот состав на Тотнем. 

Еден од ретките денешни мечеви во Лигата на шампионите кој одлучуваше нешто беше тој во Грција меѓу Олимпијакос и Црвена звезда. На српскиот шампион му требаше меч без пораз за да остане на третото место и да продолжи во Лига Европа и беше блиску до тоа, но не успеа.
 
Црвена звезда има за што да жали, во 43. минута Томане не реализираше пенал, ја погоди пречката.
 
Во 86. минута беше досуден пенал за Олимпијакос кој го направи Жандер кој штотуку влезе во игра. Грчкиот тим ја реализираше својата шанса, Ел Араби даде гол и му донесе победа на својот тим.
 
Олимпијакос се искачи на третото место и ќе игра во Лига Европа, а Црвена звезда заврши со европските настапи за оваа сезона.
 
Во дербито кое немаше резултатско значење, Баерн Минхен со 3-1 го победи Тотнем.
 
Мурињо одмори дел од клучните играчи, па Баерн Минхен без поголеми потешкотии дојде до победата.
 
Резултатот го отвори Коман во 14. минута кој подоцна поради незгодна повреда беше заменет уште во текот на првото полувреме. 
 
Во 20. минута Сесињон во својот прв старт за Тотнем погоди во Лигата на шампионите и изедначи на 1-1.
 
Пред самиот крај на првиот дел Милер го врати водството на Баерн, а Кутињо во вториот дел ги постави конечните 3-1.
 
Реал Мадрид со 3-1 победи на гостувањето кај Клуб Бриж. Родриго, Винисиус и Модриќ беа стрелци за кралскиот клуб.
 
Јувентус со голови на Роналдо и Игуаин победи со 2-0 на гостувањето кај Баер Леверкузен.
 
Атлетико Мадрид со 2-0 го победи Локомотив Москва и го завери пласманот во осминафиналето. Трипие во втората минута промаши пенал, но од белата точка реализираше Жоао Феликс во 17. Конечните 2-0 беа дело на Фелипе по десет минути игра во вториот дел.
 
ПСЖ со 5-0 го растури Галатасарај, по еден гол дадоа Икарди, Сарабиа, Нејмар, Мбапе и Кавани.
 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе