Французинот беше главен во победата над Фулам

Нема друг како Погба во Премиерлигата откако Солскјер дојде во Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со убедливи 3-0 го победи Фулам на Кревин Котиџ, а Погба продолжи со импресивните игри, тој има најдобар учинок од сите во Премиерлигата откако кормилото на црвените ѓаволи го превзема Оле Гунар Солскјер.

Манчестер ја продолжи импресивната серија под водство на Оле Гунар Солскјер, ѓаволите со три бода се враќаат од Лондон по убедлив триумф над Фулам.
 
Серијата погодоци ја почна и ја затвори Пол Погба. Првиот гол го постигна по асистенција на Марсијал, а конечните 3-0 ги постави од пенал.
 
Вториот гол за Манчестер јунајтед беше дело на Марсијал кој имаше фантастичен соло продор по кој прецизно реализираше.
 
Откако Солскјер е дојден во Манчестер јунајтед, Погба е инволвиран во дури 13 голови, од кои осум постигнати погодоци и пет асистенции. Втор е Сон со седум голови и три асистенции, па Агуеро со шест голови и две асистенции.
 
Со денешните три бода Манчестер јунајтед е на четвртата позиција со бод повеќе од Челси кој утре го игра големото дерби против Манчестер Сити.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе