Германецот има ниска откупна клаузула

Некој во РБ Лајпциг ја утнал математиката, Вернер го бара пола Европа а може да биде купен за само 30 милиони

Според пишувањата на медиумите од Германија, во договорот на Тимо Вернер има откупна клаузула според која напаѓачот може да замине од РБ Лајпциг за само 30 милиони евра.

23 годишниот Германец со години е желба на голем број клубови ширум Европа, се шпекулира дека Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Челси, Арсенал, Тотнем и Ливерпул се дел од гигантите кои внимателно го следат напаѓачот и подготвуваат понуди.

Неодамна се шпекулираше дека ќе бидат потребни 60 милиони евра за Тимо Вернер да ја промени средината, но според Спорт1, некој во РБ Лајпциг сериозно ја оплескал работата зошто во договорот на играчот има откупна клаузула вредна двојно помалку од претходно споменатата сума, односно само 30 милиони евра.

По трансферот на Нејмар во ПСЖ од 222 милиони евра, трансфер сумите драстично скокнаа и за просечни фудбалери се плаќаат десетици и десетици милиони евра.

Чисто за споредба, Жоелитон кој минатата сезона постигна само 7 погодоци во дресот на Хофенхајм направи трансфер од 50 милиони евра во Њукасл. Себастијан Алер од Ајнтрахт исто така направи трансфер од 50 мииони евра во Вест Хем, до душа Французинот имаше многу подобра сезона со 15 погодока во Бундеслигата.

Тимо Вернер до овој момент има 21 гол, и лесно може да постигне преку 30 погодоци, па 30 милиони евра се живо џабе. Се верува дека Ливерпул е најсериозен кандидат поради присуството на Јирген Клоп, самиот играч во неколку наврати призна дека е заинтересиран за соработка со својот сонародник.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе