Примера

Некој нов Реал Мадрид, Зидан направи многу измени во составот и ја победи Осасуна (ВИДЕО)

Реал Мадрид ги освои трите бода против Осасуна во меч за кој интересно Зинедин Зидан направи многу промени во првиот тим.

Зидан реши дека сега е моментот кога треба да направи измени во тимот иако играше меч во Примера, експериментот му успеа, Реал Мадрид ги освои трите бода.
 
Во составот ги немаше Куртоа, Азар, Бејл, Бензема, Хамес, Карвахал, Варан.... но Реал Мадрид релативно лесно ја победи Осасуна.
 
Жуниор Винисиус во првото полувреме и Родриго во второто беа стрелци на головите. Мрежата ја затресе и Јовиќ но му го поништија голот.
 
Арелоа ја сочува мрежата, за разлика од Куртоа на кого многу ретко му успеваше тоа.
 
Победа оствари и Атлетико Мадрид кој со 2-0 славеше на гостувањето кај Мајорка, головите ги дадоа Диего Коста и Жоао Феликс.
 
Валенсија и Хетафе одиграа нерешено со шест голови, 3-3, без победник заврши и мечот меѓу Леганес и Атлетик Билбао 1-1.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе