„Спарси“ претходно соопштија дека се работи за неколку недели

Некој лаже во Тотнем, Мурињо вели дека сезоната за Сон практично е завршена

Жозе Мурињо се чуди на соопштението кое Тотнем го објави за повредата на Хеунг мин Сон и вели дека напаѓачот тешко ќе заигра повторно оваа сезона.

„Спарси“ денеска соопштија дека Хеунг мин Сон заработил фрактура на раката на дуелот против Астон Вила во неделата, фудбалерот од Јужна Кореја ќе мора на операција за да ја санира повредата. Тотнем не даде точна временска рамка за рехабилитацијата и само пренесе дека напаѓачот ќе биде надвор од стројот неколку недели.

Ваквата објава го зачуди Жозе Мурињо, кој порача дека сезоната за Хеунг мин Сон практично е завршена и тој повеќе нема да смета на фудбалерот.

„Лоши вести. Мислам дека нашиот портпарол најде убав начин да го напише соопштението. Доколку јас требаше да го напишам, ќе беше многу поразлично. Мислам дека ме разбирате. Според Сајмон, ќе бидеме без него неколку недели“ – рече Португалецот на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите.

„Но не знам дали ќе можам повторно да сметам на Сон оваа сезона. Доколку одигра еден или два натпревари, тоа ќе биде само поради оптимизмот на нашиот портпарол. Се надевам дека е во право. Но според мене, Сон нема да игра повеќе оваа сезона“.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе