Клубот од Бергамо има неверојатна сезона

Нејмар зема плата колку целиот тим на Аталанта

ПСЖ против Аталанта е првиот меч од Ф8 турнирот во Лигата на шампиони, а во пресрет на натпреварот, медиумите извадија интересен податок, Нејмар зема плата колку целиот тим на „нероаѕурите“ од Бергамо.

Аталанта има сезона од соништата, веројатно ниту најголемите оптимисти помеѓу фановите не сметаа дека „нероаѕурите" од Бергамо ќе бидат единствениот клуб од Италија во четвртфиналето од Лигата на шампионите, кое оваа година има поинаков формат поради пандемијата на коронавирус.

Завршницата од најелитното европско натпреварување ќе се игра со Ф8 турнир во Лисабон, а токму ПСЖ против Аталанта е првиот меч на програмата.

Натпреварот се игра во среда, а во пресрет на пресметката, медиумите извадија интересен податок.

Нејмар зема плата колку целиот тим на Аталанта. Бразилецот по преселбата во Париз си обезбеди богат договор и годишни примања од 36 милиони евра. Во редовите на Аталанта, најплатени се Гомез, Иличиќ и Запата со примања од 1,2 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе