Бразилецот често е критикуван

Нејмар врти нов лист, го прекина одморот и се пријави на тренинг една недела порано

Нејмар реши да го скрати одморот и да се пријави на тренинг една недела порано, околу иднината на Бразилеццот има многу прашалници и се говори дека ПСЖ му бара нов клуб.

Нејмар имаше одмор до 11. јули, но Бразилецот реши предвреме да се врати во Париз и денес се пријави на тренинг.

Потегот доаѓа во период кога има многу шпекулации за иднината на Бразилецот, се говори дека ПСЖ му бара нов клуб на напаѓачот. Наводно „светците“ се решиле да се ослободат од Нејмар откако Килијан Мбапе се пожалил од недисциплината на неговиот соиграч од офанзивата.

На денешната промоција на Галтие неизбежно беше прашање за Нејмар, а новиот тренер на ПСЖ рече: „Сакам Нејмар да остане. Се работи за фудбалер од светска класа, секоеј тренер сака да има топ фудбалер како него“.

„Веќе имам јасни идеи за мојот план со Нејмар во ПСЖ“.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе