Беше прогласен за играч на мечот

Нејмар: Во ниту еден момент не помислив дека би можеле да бидеме елиминирани

Иако ПСЖ беше на работ на елиминација од Лигата на шампионите и се спаси во последните минути, Нејмар вели дека во ниту еден момент не помислил на пораз.

Аталанта имаше водство до 90 минута, но потоа прими два гола и ПСЖ стана првиот полуфиналист во Лигата на шампионите.

„Никогаш не ни помислив на елиминација“, вели Нејмар кој ја доби наградата за играч на натпреварот.

„Ништо нема да ме сопре да мислам дека ќе стигнеме до финалето. Беше тешко, но ние сме одличен тим и вистинска фамилија. Невозможно е да мислам дека ние можевме да бидеме елиминирани“.

ПСЖ за прв пат по 20 години ќе игра полуфинале од Лигата на шампионите.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе