„Каталонците“ ги интензивираат преговорите со ПСЖ

Нејмар уште еднаш му кажал на Леонардо дека сака да замине, Барса нуди двајца играчи во замена за Бразилецот

Нејмар на синоќешната средба со Леонардо повторил дека сака да замине од Париз ова лето, Барселона го известила ПСЖ дека нуди двајца играчи во замена за Бразилецот.

Нејмар конечно се врати во Париз, но прашање е уште колку долго ќе се задржи во престолнината на Франција.

Напаѓачот веќе имаше средба со спортскиот директор Леонардо, и последните информации велат дека на овој состанок Нејмар на својот сонародник му повторил дека сака да замине од „Паркот на Принцовите“:

Според Ле Паризиен, Нејмар го известил Леонардо дека има желба да го напушти клубот. Тој не кажал конкретно дека сака назад во Барселона, едноставно ставил јасно до знаење дека повеќе не сака да игра за „светците“.

Во меѓувреме, Л’Екип пренесе дека Барселона ги интензивирала преговорите. Иако се уште не е доставена формална понуда, даден е усмен предлог. „Каталонците“ на ПСЖ му соопштиле дека се подготвени да понудат двајца играчи чија вредност надминува 222 милиони евра.

Весникот не открива имиња, но за да се стигне до ваква бројка, тоа е возможно само со нудење на Филипе Кутињо и Осман Дембеле во пакет.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе