Нова сериозна повреда за напаѓачот

Нејмар со солзи во очите, пак настрада зглобот, нема Копа Америка за напаѓачот (ВИДЕО)

Нејмар ќе мора да го пропушти првенството на Јужна Америка кое се игра во неговиот Бразил, напаѓачот со солзи во очите откако повторно настрада проблематичниот скочен зглоб на деснатанога.

Нејмар дефинитивно нема да игра на Копа Америка, не поради скандалот во кој се најде и обвинувањата дека силувал девојка во Париз, туку поради повреда која ја заработи утрово.

На подготвителниот натпревар против Катар, повторно настрада проблематичниот скочен зглоб на десната нога, повреда поради кој веќе паузираше неколку месеци оваа година, но и во 2018. Нејмар по 15-тина минути игра нагазна лошо по еден дуел и со солзи во очите седна на клупата каде добиваше третман од докторот на репрезентацијата, Родриго Ласмар.

Фудбалерот на ПСЖ на патерици го напушти стадионот на стартот од вториот дел и беше пренесен во болница на тестови во придружба на неговиот татко, спортскиот директор на репрезентацијата, Еду Гаспар и докторот на федерацијата, Фелипе Калил.

Набрзо потоа од Фудбалската федерација на Бразил пренесоа дека Нејмар ќе го прескокне турнирот и Тите треба да повика замена. ФФБ не откри колку време тој ќе биде надвор од стројот и само посочија дека се работи за сериозна повреда и оштетување на лигаментите.

„Кариоките“ мечот со Катар го добија со 2-0 со головите на Ришарлисон и Габриел Жесус.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе