Можеби и тој некој ден ќе се пресели во Италија

Нејмар: Роналдо ќе ја промени Серија А

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар смета дека Кристијано Роналдо ќе ја направи Серија А повторно да биде гледана како кога тој бил дете.

Многумина сметаат дека Роналдо ќе ја промени Серија А, ќе привлече многу повеќе гледачи, а можеме и фудбалски ѕвезди кои ќе го кренат нивото на лигата.
 
Еден од оние кои размислуваат така е и Нејмар.
 
„Мислам дека Кристијано Роналдо ќе го промени италијанскиот фудбал“, вели Нејмар.
 
„Ќе биде како порано што беше кога го гледав италијанскиот фудбал како дете бидејќи Кристијано Роналдо е голем фудбалер. Тој е легенда во фудбалот, генијалец“.
 
„Среќен сум поради неговата одлука. Мислам дека за него тоа беше тешка одлука, па му посакувам среќа, но не против ПСЖ“.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе