Бразилецот со нова изјава која нема да му се допадне на ПСЖ

Нејмар пак и се умилкува на Барса: Меси е најдобриот фудбалер во светот, бевме спектакуларно дуo

Нејмар одново им се умилува на „каталонците", вели дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот и двајцата кога играле еден крај друг биле спектакуларно дуо.

Напаѓачот сака да замине од Париз и да се врати во Барселона. Откако изминатиов викенд изјави дека победата од 6-1 во Лигата на шампионите, кога Барселона направи кам-бек за паметење и го понижи ПСЖ, му е најомилен момент во кариерата, Бразилецот сега повторно флертува со шампионот на Шпанија.

Нејмар вели дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот и му било чест и задоволство да игра покрај Аргентинецот.

„Според мене, Меси е најдобриот фудбалер во светот, најдобриот кој сум го гледал. Бевме спектакуларно дуо. Ми беше чест и задоволство што играв крај него. Згора на се, тој исто така ми е добар пријател“ - вели Нејмар.

Се шпекулира дека лидерите на Барселона не се толку желни да го вратат Нејмар поради начинот на кој замина пред две години, но имаат притисок од соблекувалната и пред се Лео Меси, кој инсистира да се направи напор за Бразилецот одново да го облече дресот на „каталонците“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе