Бразилецот утре треба да се појави во Париз

Нејмар пак ги налути „светците“: Победата од 6-1 со Барса против ПСЖ ми е најомилен момент

Пред да се врати во Париз, Нејмар испрати провокација до клубот чиј дрес се уште го брани, вели дека кам-бекот за паметење кој го приреди Барселона кога со 6-1 го понижи ПСЖ во Лигата на шампионите му е најомилен момент.

Бразилецот веќе ги налути лидерите на ПСЖ откако не се појави на стартот од подготовките за новата сезона закажан на 8. јули. Тој треба утре да се врати во Париз откако ги одработи сите обврски повразани со неговиот институт и спонзорите.

Токму од еден таков настан тој испрати нова провокација до „светците“ и порача дека најомилен момент му е кам-бекот кој го приреди Барселона во Лигата на шампионите кога го понижи ПСЖ и го совлада со 6-1.

„Кога со Барселона го победивме ПСЖ... беше лудница во соблекувалната. Верувам дека чувството беше неверојатно за сите нас“ – вели Нејмар, кој на тој меч постигна два гола, еден од слободен удар во 88. минута и еден од пенал во 91. минута и ги врати „каталонците“ во живот.

„Ремонтадата против ПСЖ, она што го почувствував кога го постигнавме шестиот погодок... Никогаш не сум почувствувал нешто тавко. Тоа беше неверојатно“.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе