Бразилецот си има мака

Нејмар не сака да има репутација на глумец

Нејмар особено со симулирањата на Светското првенство во Русија доби репутација на еден од најголемите „глумци“ на фудбалските терени, беше мета на многу „тролови“ на социјалните мрежи.

На натпреварот меѓу Бразил и Ел Салвадор, судијата му покажа жолт картон за симулирање фаул, а Нејмар се налути и реагираше со изјава по мечот.
 
„Не знам зошто морам да живеам со таква репутација? Сакам на ова да дојде крај што побрзо. Тоа е недостаток на почит, не само кон мене, туку и кон моите соиграчи. Мислам дека не е во ред тоа што го направи судијата“, вели Нејмар.
 
Пред пријателските мечеви на Бразил, Нејмар беше прмовиран во прв капитен на селекцијата, па јасно е дека ќе треба повеќе да внимава на своето однесување на теренот, но и надвор од него.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе