Се поврзува со три клуба од Премиерлигата

Нејмар му се налутил на Ал Келаифи, сака да си оди од ПСЖ

Нејмар не е среќен со последната изјава на претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи и сака да го напушти клубот, Премиерлигата би можело да биде негова следна дестинација. 

Првичната идеја на Нејмар била да остане во ПСЖ, но неодамна во едно интервју претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи одби да потврди дека Бразилецот останува.
 
Ал Келаифи имаше неодредена изјава за иднината на Нејмар, а на фудбалерот тоа не му се допаднало.
 
Последните информации се дека Нејмар сака да си оди од ПСЖ и се поврзува со Манчестер јунајтед, Челси и Њукасл.
 
Доколку Нејмар пристигне во Манчестер јунајтед, голема е веројатноста клубот да даде зелено светло за заминување на Роналдо кој се поврзува со Рома.
 
Челси со заминувањето на Лукаку ќе има потреба во засилување во офанзивната линија, па и Нејмар станува опција.
 
Њукасл со новите газди има голем трансфер буџет, па и тие сакаат да донесат некое елитно засилување во тимот.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе