Пресврт во ситуацијата на Бразилецот

Нејмар ќе замине од ПСЖ, но можеби нема да оди во Барса, четири други гиганти се во игра

Според „Мундо Депортиво“ Нејмар сигурно ќе го напушти ПСЖ ова лето, но можеби нема да се пресели во Барселона, преговорите со каталонскиот клуб одат тешко.

Нов момент во случајот Нејмар, „Мундо Депортиво“ тврди дека агентите на Нејмар почнале да стапуваат во контакт со други клубови. Почнати се разговори со Реал Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.
 
Барселона веќе има страшна офанзива, па Нејмар не им е приоритет иако сакаат да го вратат на Камп Ноу. Тие играат на картата фудбалерот да го моли ПСЖ за заминување и францускиот клуб да одлучи за пониска цена да му даде дозвола да замине.
 
Но ПСЖ игра тврдо, сопствениците немаат намера да ја намалат цената за Нејмар и се револтирани од односот на Барселона. Преговорите меѓу двете страни одат тешко, и можеби нема да завршат со договор.
 
Реал Мадрид би бил атрактивна опција за Нејмар, Флорентино Перез отсекогаш сакал ѕвезди, а Бразилецот е една од најголемите.
 
Јувентус веќе има одличен преоден рок, италијанскиот шампион покажува моќ на трансфер пазарот. Кристијано Роналдо и Нејмар во ист тим би било интересно да се видат, но „старата дама“ сега плаќа 75 милиони евра за Де Лихт па тешко е за верување дека ќе посегне и по Бразилецот.
 
По заминувањето на Робен и Рибери, Баерн Минхен е во потрага по офанзивни фудбалери, веќе е извесно дека не успеаа да дојдат до услугите на Сане кој беше нивна прва желба. Нејмар е опција, но германското првенство е слично како и француското, со еден клуб помоќен од сите и од време на време ќе се појави конкуренција.
 
Манчестер јунајтед е опцијата која е најмалку реална. Ѓаволите не играат во Лигата на шампионите, а тоа влијае на одлуката на Нејмар. Бразилецот отсекогаш сакал да биде онаму каде што се најдобрите, а Јунајтед во моментов не е таму.
 
Нејмар му соопшти на ПСЖ дека не сака веќе да игра за нив, останува да видиме каде ќе биде неговата следна дестинација.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе