ПСЖ со дополнителен финансиски мотив

Нејмар ќе „лапне“ бонус од 3 милиони евра ако ја освои „Златната Топка“

Освојувањето на престижната индивидулана награда на Франс Фудбал за Нејмар ќе значи и убав бонус, ПСЖ на Бразилецот ќе треба да му исплати 3 милиони евра

Бразилецот летоска пристигна во Париз за да излезе од сенката на Лео Меси и да биде лидер на проект.

Покрај тоа што со ПСЖ ќе атакува на сите титули, тој сигурно ќе има поголеми шанси и за престижната индивидуална награда на Франс Фудбал за најдобар играч во сезоната.

Според пишувањата на Ле Паризиен, доколку Нејмар стигне до „Златната Топка“, ПСЖ ќе му исплати бонус од 3 милиони евра. Оваа сума ќе ја добие за секоја ваква награда до крајот на договорот кој истекува во 2022.

Нејмар има 25 години, и зад Меси и Роналдо тој е најсериозен кандидат, па веројатно прашање на време е кога ќе дојде до „Златната Топка“.

Сепак сумата иако на прв поглед изгледа висока, во споредба со неговата плата е смешна.

Бонусот од 3 милиони евра е еднаков на еден месец плата. Доколку во предвид се земе целата должина на договорот, тој на име на плата треба да добие фантастични 180 милиони евра.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе