Напаѓачот треба да ги почитува правилата како и сите други

Нејмар имал средба со Леонардо, напаѓачот потсетен дека нема специјален третман и го чека казна

Медиумите од Франција пренесуваат за средба помеѓу Нејмар и спортскиот директор на ПСЖ Леонардо, на напаѓачот му било кажано дека правилата важат и за него па ќе добие казна за тоа што не се појави на време на стартот на подготовките.

Нејмар се врати во Париз. Бразилецот со лет од Рио пристигнал на аеродромот „Шарл де Гол“ во 7:30 утрово, и потоа во 9:10 се појавил во тренинг центарот на ПСЖ.

Поради повредата која ја заработи со репрезентацијата на Бразил, Нејмар не им се приклучил на соиграчите и одработил индивидуален тренинг во тератана.

Тој исто така имал и средба со спортскиот директор Леонардо. Некои извештаи велеа дека двајцата разговарале со часови, но според Ле Парисиен и Радио Монте Карло, состанокот всушност траел неколку минути.

Средбата била пријателска, но Леонардо бил прилично искрен и го потсетил својот сонародник дека и за него важат истите правила како и за сите други и дека нема специјален третман.

Тој на напаѓачот му објаснил дека го чека казна за тоа што не се појави на стартот на подготовките на 8. јули. Санкцијата ќе биде одредена во следните денови и ќе му биде пренесена на Нејмар интерно, без соопштение за јавноста.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе