Повторно има насмевка на неговото лице

Нејмар го спаси Бразил од пораз, по три месеци се врати со асистенција и гол против Колумбија (ВИДЕО)

Возбудлив пријателски меч помеѓу Бразил и Колумбија во Мајами, Нејмар се врати по три месеси со асистенција и гол и спречи „кариоките" да бидат поразени.

Нејмар имаше неколку турбулентни месеци, се повреди во пресрет на Копа Америка и од трибините гледаше како неговите сонародници триумфираат на првенството на Јужна Америка. 

Потоа изрази желба да замине од Париз и да се врати во Барселона, но ваков трансфер не се реализираше и тој сега е приморан да остане во ПСЖ уште една сезона. 

Додека кружеа шпекулациите за неговата иднина, Бразилецот не играше па утрово тој имаше кам-бек на терените. Во возбудлив пријателски натпревар против Колумбија во Мајами, Нејмар по три месеци се врати со асистенција и гол и не дозволи „кариоките“ да бидат поразени.

Резултатот беше отврен во 19. минута. Нејмар нафрли од корнер а Касемиро скокна највиско и донесе водство од 1-0. 

Колумбија веднаш одговори и брзо направи комплетен пресврт. Муриел најпрво од пенал изедначи на 1-1, а потоа во 34. минута реализираше за предност од 1-2. 

По една одлична акција на стартот од вториот дел, Кутињо испрати прецизна долга топка до Алвеш, а десниот бек само спушти на пет метри за Нејмар рутински да ја затресе мрежата за 2-2. 

Во 74. минута од мечот Бразил бараше пенал откако еден дефанзивец на Колумбија го заби Нејмар во рекламното пано, кој убаво тресна со главата. И покрај протестите, судијата реши да не го санкционира стартот иако имаше доста елементи за најстрога казна.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе