На повидок нова војна помеѓу „каталонците“ и „светците“

Нејмар го бара својот добар пријател Кутињо, ПСЖ влегува во трката за потписот на Бразилецот

ПСЖ може да замеша прсти во битката за потписот на Филипе Кутињо, Нејмар веќе дал зелено светло за неговиот добар пријател да му се придружи на Паркот на Принцовите.

Филипе Кутињо не ги оправдува очекувањата по рекордниот трансфер на Камп Ноу вреден 160 милиони евра и се почесто се говори за негово заминување веќе летово. Бразилецот се поврзува со враќање во Премиерлигата, и се посочува како една од опциите на Челси за замена на Еден Азар.

Но последните информации велат дека и ПСЖ би можел да замеша прсти. Според Л’Екип, Нејмар веќе дал зелено светло за неговиот сонародник и добар пријател да се пресели на Паркот на Принцовите.

Исто така, агентот на Филипе Кутињо, Киа Јорабчиан има многу добри односи со лидерите на „светците“.

Сепак, останува да се види дали Барса ќе сака да преговара со ПСЖ и под кои услови би го продала плејмејкерот на шампионот на Франција. Двата клуба се во војна откако Нејмар во 2017 замине од Камп Ноу и се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе