Трансферот е комплексен, треба да се поклопат многу коцки

Нејмар ги известил соиграчите од ПСЖ: Сакам назад во Барселона

Денешното издание на Мундо Депортиво го смести Нејмар на насловната страна, Бразилецот на своите соиграчи од ПСЖ им се доверил дека сака назад во Барселона но зделката е прилично комплексна.

Нејмар минатото лето силно се поврзуваше со преселба на Камп Ноу, секој ден имаше написи на оваа тема, буквално до последниот ден од преодниот рок се најавуваше дека тој одново ќе го облече дресот на „каталонците“ но тоа не се случи.

Гласините за враќање на напаѓачот во Барселона никогаш не престанаа, па веројатно и во следните месеци ќе има многу шпекулации за неговата иднина.

Нејмар денеска се најде на насловната страна на Мундо Депортиво, весникот пренесе дека Бразилецот ја известил соблекувалната на ПСЖ дека сака назад во Барселона.

„Сакам да одам во Барса“ – е пораката од Бразилецот до своите соиграчи.

Но МД предупредува дека зделката е прилично комплексна и за разлика од сонот на играчот, реалноста е друга. Како прво, приоритет на Барселона во овој момент е Лаутаро Мартинез, а не Нејмар.

Второ, поради кризата од пандемијата на коронавирус, трансфер сумата на Нејмар и неговата плата се практично недостижни.

Како што стојат работите сега, негово враќање на Камп Ноу се чини дека е само утопија. За реализирање на зделката ќе треба да се поклопат многу коцки.

Прво, ПСЖ ќе треба да даде зелено светло за продажба. Како второ, „светците“ ќе треба да се сложат на трансфер во кој ќе биде платена мала сума на пари а разликата во вредноста ќе се надополни со неколку играчи. Шампионот на Франција ќе треба да ги прифати играчите кои Барса ќе стави на маса, но и играчите ќе треба да прифатат преселба во Париз. На крај, Нејмар ќе треба да направи финансиска жртва, да се откаже од десетина милиони и да прифати значително помала плата.

Секако, ќе треба да се најде и решение за тужбите (вкупно три) на Нејмар, кои преку суд бара преку 30 милиони евра од Барселона.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе