Нови гласини за заминување на напаѓачот од ПСЖ

Нејмар бара да се врати на Камп Ноу, и се јавил на Барса пет пати!

Според пишувањата на „Ел мундо", Бразилецот сака да се врати на Камп Ноу па Нејмар постариот лично му се јавил на претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу.

На почетокот од оваа недела, Радио Каталуња објави дека се кова стратегија за враќање на Нејмар на Камп Ноу. Главниот скаут на Барселона во Бразил, Андре Кури за празничниот период одржал серија средби со придружбата на напаѓачот.

Тој разговарал и со агентот Пини Захави, кој работеше на рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра, како и со Алваро Коста, кој е близок пријател на фудбалерот.

Денеска на оваа тема пишува и „Ел мундо“, весникот пренесе дека изминативе месеци, Нејмар преку неговиот татко, пет пати и се јавил на Барселона, за да бара или поточно да моли да се врати назад. Нејмар постариот лично му се јавил на претседателот Жосеп Мариа Бартоме, како и на видни членови од бордот на директори.

Извори блиски до случувањата за „Ел мундо“ велат дека разговорите започнале во последниот дел од минатата сезона, додека пак последниот повик бил направен неодамна. Таткото на Нејмар во разговорите со лидерите на Барса испратил порака дека неговиот син „погрешил кога заминал во 2017“ и дека „многу жали“.

Од таборот на „каталонците“ му порачале на Нејмар постариот дека не можат да разговараат за трансфер додека се тужат и бараат десетици милиони евра обесштетување. Бразилецот ја даде Барса на суд откако клубот одби да му исплати бонус од речиси 30 милиони евра. Рочиштето од овој процес е закажано на 31. јануари.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе