Шпанецот оваа недела ја продолжи верноста со Манчестер Сити и стави потпис на нов договор со трајност до јуни 2023 година. Откако беа решени сите дилеми за иднината на Пеп Гвардиола, многумина очекуваат Лео Меси да пристигне на „Етихад“.
Аргентинецот ја одработува последната година од договорот со Барселона и лесно може да се случи да побара нова авантура. Со оглед на финансиската моќ на „ѓаволите“, тимот кој го имаат, плус Пеп Гвардиола на кормилото, Лео Меси во сината половина на Манчестер има се што бара.
Па на денешната прес конференција беше неизбежно прашање за иднината на Лео Меси.
„Тој е фудбалер на Барселона, имам огромна благодарност кон клубот, па сакам тој да ја заврши кариерта таму. Сепак, не знам што му се врти низ глава и што ќе направи кога ќе му заврши договорот“ - порача Пеп Гвардиола.