Алегри сака да ги спои двајцата во нападот

Недвед: Роналдо останува во Јувентус, наскоро ќе отвориме преговори со Дибала

Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед вели дека Критијано Роналдо во понеделник ќе се приклучи на подготовките за новата сезона и ќе остане во Торино, а наскоро ќе бидат отворени и преговори со агентот на Пауло Дибала.

Кристијано Роналдо останува во Јувентус, ова вечерва го изјави потпретседателот на „старата дама“, Павел Недвед.

ЦР7 често се поврзува со заминување од Торино, се најавува како нов фудбалер на ПСЖ, пред неколку дена имаше стории за трампа со Мауро Икарди, но раководството на Јувентус уште еднаш инсистира дека напаѓачот ќе ја одработи последната година од договорот.

„Роналдо се враќа во понеделник и ќе остане со нас“ - вели Недвед.

Дел од трансфер шпекулациите е и иднината на Пауло Дибала, кој има само уште една година од договорот.

„Следната недела ќе се сретнеме со агентот на Пауло Дибала и ќе отвориме преговори за продолжување на соработката“.

„Алегри сака да ги игра Дибала и Роналдо заедно“.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе