Првиот човек на Јувентус сакал да продолжи со тренерот

Недвед го избркал Алегри? Чехот му поставил ултиматум на Ањели: Ако тој остане, јас заминувам!

Медиумите од Италија пренесуваат дека Павел Недвед имал голема улога во разделбата помеѓу Макс Алегри и Јувентус, Чехот му поставил ултиматум на првиот човек на клубот, Андреа Ањели.

„Старата дама“ синоќа соопшти дека Макс Алегри заминува по крајот на сезоната. Тренерот оваа недела одржа три состанока со лидерите на клубот, не можеа да најдат заеднички јазик за иднината па решија да се разделат. 

Медиумите од Италија сега откриваат повеќе детали. Според „Кориере дела сера“, Андреа Ањели сакал да продолжи со стратегот, но подлегнал на пртитисокот од Павел Недвед и Фабио Паратичи. 

Чехот особено се противел на идејата Макс Алегри да остане, и дури се заканали, „Ако тој остане, јас заминувам“.

Се говори дека двајцата подолго време биле во лоши односи, особено по елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите. На Недвед не му допаѓало тоа што Алегри барал голема реконструкција на тимот. Се верува дека тренерот побарал да бидат донесени пет квалитетни засилувања. Несогласувања имало и околу фудбалерите кои треба да заминат, пред се Дибала. 

Потпретседателот на Јувентус смета дека тие веќе имаат силен тим, и ќе биде прилично тешко тој да се подобри. На иста бранова должина бил и спортскиот директор Фабио Паратичи, иако тој не поставил ултиматум.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе