Премиерлига

Недозволиво, Ватфорд упати 31 удар кон голот на Лено, Арсенал прокоцка два гола предност (ВИДЕО)

Арсенал водеше на полувреме со 0-2 на „Викариџ роуд" но Ватфорд се врати и за малку ќе го шокираше фаворитот, домаќините упатија дури 31 удар кон голот на Лено.

Ватфорд и Арсенал ги поделија бодовите во претпоследниот натпревар од 5. коло во Премиерлигата. „Топчиите“ имаа предност од 0-2 на полувреме, но ниту тоа не беше доволно за победа. Одбраната изгледаше смешно, кон голот на Лено беше упатен дури 31 шут, најмногу откако Опта мери ваква статистика на мечевите во Премиерлигата од сезоната 2003/04.

Гостите одлично го започнаа мечот, Колашинац му асистираше на Обамејнаг за 0-1 во 21. минута, а напаѓачот потоа рутински ја затрее мрежата во 32. минута и само постави нога по додавањето на Мејтланд Нилс за 0-2.

Но гостите се вратија во игра на стартот од вториот дел кога Сократис лошо додаде во сопствениот шеснаесетник, топката стигна до Клеверли кој реализираше за 1-2.

Потоа Давид Луиз направи наивен пенал а Переира во 81. минута изедначи од белата точка. Домаќините можеа и до целосен пресврт во судиското надополнување, Дукуре доби топка на 11 метри но лошо биеше по средината од голот и право во Лено.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе