Првиот човек на федерацијата на Шпанија откри детали од зад сцената

„Не знам зошто Роберт Морено е изненаден, самиот тој не извести дека Луис Енрике сака да се врати и побара прекин на соработката“

Првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес на прес конференција откри детали од зад сцената и како паднала одлука Луис Енрике да се врати на чело на репрезентацијата а Роберт Морено да си замине.

Шпанија ќе има (старо)нов селектор за Европското првенство, Роберт Морено нема да ја предводи репрезентацијата на континенталниот собир и на кормилото ќе се врати Луис Енрике.

Веста, која се појави доцна синоќа а утрово беше и официјално потврдена, е прилично изненадувачка со оглед на тоа дека Роберт Морено одлично си ја заврши работата. Но самиот стратег, а и луѓето од федерацијата во неколку наврати кажаа дека вратата за Луис Енрике секогаш е отворена.

Претседателот на ФФШ, Луис Рубиалес попладнево се појави на прес конференција за да разјасни како дошло до оваа тренерска рокада.

„Вервам дека е многу важно да ја знаее вистината. На 18. јуни, бев тука за да ви соопштам дека Роберт Морено ќе ја предводи репрезентацијата. Потпишавме договор, но ставивме јасно до знаење дека Луис Енрике слободно може да се врати кога сака. Самиот Роберт Морено исто така стави јасно до знаење дека ќе се повлече доколку Луис Енрике изрази желба да се врати. Јас дадов збор дека вратите секогаш се отворени за Луис Енрике, и секогаш кога сте ме прашувале на оваа тема, јас бев искрен“ – вели првиот човек на ФФШ.

„По смртта на неговата ќерка, имам разговарано три пати со Луис Енрике. Првиот пат беше на 29. август, потоа се сретнавме на 31. октомври и се слушнавме вчера (18. ноември)“.

„Неодамна, на еден состанок со Морено и Молина (спортскиот директор на Шпанија), Роберт не извести дека Луис Енрике сака да се врати. Па затоа решивме да му се јавиме на Луис Енрике, да му поставиме некои лични прашања и лично од него да слушнеме дека сака да се врати. Се договоривме дека поконкретно на оваа тема ќе разговараме кога ќе биде обезбеден пласман на Европското првенство“.

„Во неделата Молина разговараше со Роберт Морено и го извести за новонастаната ситуација. Во понеделникот добивме порака од Роберт со која тој не извести дека сака да договориме разделба бидејќи не сака да биде пречка за враќање на Луис Енрике“.

„Вчера во 12 часот јас му се јавив на Луис Енрике, му кжав дека Роберт заминува и го прашав дали ќе го превзеде кормилото. Тој ми одговори дека со задоволство ќе го стори тоа и се заблагодари што сме го испочитувале дадениот збор“.

„Утрово требаше да се сретнеме со Роберт, но тој не дојде, испрати двајца адвокати да разговараат со нас“.

Луис Рубиелес исто така навести дека Луис Енрике ќе добие нов договор и мандат да ја предводи Шпанија на мундијалот во Катар во 2022.

„Луис Енрике мораше да се повлече поради ситуација која ниту еден родител не сака да ја доживее. Тој е лидер на овој проект кој ќе продолжи до Светското првенство во Катар. Го имаше нашето ветување дека вратите секогаш се отворени, па сакам да му посакам многу среќа“.

Запрашан зошто Роберт Морено не остане како помошник на Луис Енрике, и дали има некаков конфликт помеѓу двајцата, тој вели: „Не можам да одговарам на ова, не знам дали се случило нешто. Луис Енрике ќе треба да одговори. Ние бевме многу задоволни од Роберт и неговата работа, но лидер на нашиот проект беше Луис Енрике. Исто така не можеме да му се мешаме на Луис Енрике при изборот на неговиот персонал, Луис Енрике сам ги одбира најблиските соработници“.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе