ЕВРО 2020

Не само Роналдо, и Португалија поставува нови рекорди на Европските првенства

Португалија и Роналдо имаа отворање на Европското првенство какво што посакуваат иако долго се мачеа да го срушат отпорот на Унгарија. 

Португалија ја победи Унгарија со 3-0, а два гола постигна Кристијано Роналдо.
 
Тој стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства поминувајќи го Мишел Платини. Роналдо сега има 11 голови.
 
Роналдо стана и најстариот играч кој постигнал 2+ голови на еден натпревар на Европските првенства, претходно тој рекорд го држеше селекторот на Украина, Андриј Шевченко.
 
Но, не рушеше рекорди само Роналдо, и Португалија како репрезентација помести некои граници.
 
Португалија е првиот тим во историјата на Европските првенства кој постигнал три голови во последните десет минути од мечот.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе