Финансиите биле мотив за преселба во Лондон

„Не сакав да направам трансфер во Арсенал, го сторив тоа бидејќи моето семејство немаше пари“

Голманот Емилијано Мартинез, еден од играчите поради кои настана циркузот на мечот помеѓу Бразил и Аргентина, вели дека не сакал да направи трансфер во Арсенал, но го сторил тоа за финансиски да му помогне на семејството.

Емилијано Мартинез, како 17 годишно момче во 2010 ја напушти Аргентина и се пресели во Арсенал во трансфер вреден нешто над 1 милион фунти. Во клубот од Северен Лондон помина десет години, но најчесто беше праќан на позајмици за минатото лето да се пресели во Астон Вила во зделка вредна околу 20 милиони фунти.

На Вила Парк тој ја зграби укажаната шанса, ги покажа своите квалитети па сега е прв чувар на мрежата на Аргентина, ова лето беше прогласен за најдобар голман на Копа Америка.

Во разговор со Ел Паис, Емилијано Мартинез вели дека не сакал да направи трансфер во Арсенал, но го сторил тоа бидејќи неговото семејство немало пари.

„Арсенал дојде да ме бара и Пеп Санторо (тренер во Индепендиенте) ми кажа дека возот поминува само еднаш“ – вели Емилијано Мартинез.

„Моето семејство и агентите го мислеа истото, па одлуката која ја донесов беше повеќе за нив, отколку за мене“.

„Не сакав да одам. Не дека жалам што се преселив во Арсенал, едноставно сакав да играм за Индепендиенте. Си реков, „Ако останам, за две години ќе дебитирам“. Но моето семејство немаше доволно финансии, па направив трансфер поради парите“.

Емилијано Мартинез беше еден од четворицата играчи поради кои настанат циркузот на мечот помеѓу Бразил и Аргентина изминатиов викенд, кога здравствените власти и полицијата влегоа на терен да апсат поради прекршување на мерките за ковид-19.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе