Премиерлига

Не помогна ниту Бруно Фернандеш, Манчестер јунајтед не искористи уште еден кикс на Челси (ВИДЕО)

„Ѓаволите" остануваат на -6 во однос на топ четири, избраниците на Солшер не искористија уште еден кикс на Челси и пред своите фанови одиграа само 0-0 против Вулверхемптон.

Манчестер јунајтед и Вулверхемптон вечерва ги поделија бодовите на Олд Трафорд. Двата тима имаа свои прилики, но недостасуваше добар финиш и реализација, па голманите имаа малку работа и беа ставени на тест само во два-три наврати.

Бруно Фернандеш дебитираше за „ѓаволите“ по трансферот од Спортинг, Португалецот имаше солиден натпревар со неколку убави додавања и неколку удари од далечина.

Со ова реми, Манчестер јунајтед не искористи уште еден кикс на Челси и остана на -6 во однос на топ четри. „Ѓаволите“ всушност и назадуваа една позиција на табелата откако Шефилд јунајтед со три бода си замина од гостувањето кај Кристал Палас и „сечилата“ сега се на позицијата број 5 на табелата.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе