ЦР7 му врати на Чоло со камата

Не остана покус, по големиот триумф Роналдо ја копираше контроверзната прослава на Симеоне (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо му врати со камата на Диего Симеоне, по големиот триумф на Јувентус и пласманот во четвртфиналето, ЦР7 вечерва слично славеше како тренерот на Атлетико.

Кога Атлетико Мадрид поведе против Јувентус на мечот кој се играше на Ванда Метрополитано, Диего Симеоне полуде од радост, се сврти кон публиката и се фати за меѓуножјето. Аргентинецот потоа се правдаше дека го понеле емоциите, дека не сакал да навреди никого и едноставно покажувал дека имаат „големи мад*ња“.

Јувентус сепак вечерва се врати од мртвите, направи огромен пресврт благодарејќи на хет-трикот на Кристијано Роналдо и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Па ЦР7 реши да врати во иста мера, и по последниот свиреж на мечот ја копираше контроверзната прослава на Диего Симеоне Дали Кристијано Роналдо покажуваше дека и тој има „големи мад*ња“ или мислеше на нешто друго, ќе почекаме но како и да е, Португалецот е конечниот победник во дуелот со Чоло.

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе