Во Мадрид негодуваат на распоредот

Не може без контроверзија, Барса доби 29 часа повеќе одмор од Реал за „Ел класико“ (ФОТО)

Одложениот натпревар помеѓу Барса и Реал продолжуваат да го пратат контроверзии, во Мадрид негодуваат откако „каталонците" добија 29 часа повеќе одмор.

Барселона и Реал Мадрид требаше да ги одмерат силите на 26. oктомври но поради протестите во Каталонија, мечот беше одложен. Двата клуба се договорија новиот термин да биде 18. декември, а денеска беше одлучено натпреварот да се игра во 20 часот.

Но очигледно не се може без контроверзија, а проблем настана откако беа соопштени саатниците на 17, 18 и 19. коло.

Проблем прават токму натпреварите од 17. коло, кога Барселона ќе гостува на Аноета, а Реал на Местаља. „Каталонците“ ќе играат против Реал Сосиедад на 14. декември во 16 часот, а „кралевите“ ќе играат против Валенсија на 15. декември во 21 часот.

Тоа значи дека Барса ќе има 29 часа повеќе одмор од Реал за „Ел класико“, и ова наиде на негодување во Мадрид.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе