По вчерашниот меч

Провокација од Бугарите: „Не ми е јасно како Македонците можат да ја исвиркуваат химната на своите баби и дедовци“

Политичката тензија меѓу Македонија и Бугарија се преслика и на вчерашниот натпревар на Арената „Филип Втори“, но и во реакциите по мечот. 

Емоциите на македонските навивачи синоќа беа големи, опструкциите правени од нашиот источен сосед во изминатиот период не можеа да бидат заборавени, па Бугарите во Скопје беа пречекани со свирежи на нивната химна и постојани навреди.
 
Политичкиот момент беше доминантен на мечот, но и по него. А една од најпровокативните изјави ја даде поранешниот бугарски фудбалер, Станислав Ангелов.
 
„Не ми е јасно како Македонците можат да ја исвиркуваат химната на своите баби и дедовци? Целата работа е чудна, но пропагандата е многу силна“, изјави Ангелов.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе