Стана хит на социјалните мрежи

Не е секој за „паненка“: репрезентативец на Косово го изведе најлошиот пенал во историјата (ВИДЕО)

Ако Лео Меси синоќа покажа како големите фудбалски мајстори на денешницата изведуват „паненка“ од белата точка, фудбалерот на Свонси Берсант Челина демонстрираше како не треба да се изведува.

Синоќа сите погледи беа вперени во последните два реванши од осминафиналето во Лигата на шампионите и фудбалските љубители имаа што да видат во Барселона и во Минхен. Лео Меси имаше неколку одлични потези на Камп Ноу, а на Алианц арена Садио Мане воодушеви со прекрасен гол.

Во сенката на овие два меча беа сите други, но еден играч успеа да стане хит на социјалните мрежи. Се работи за репрезентативецот на Косово Берсант Челина, кој се чини дека сакаше да се прослави и со „паненка“ да постигне гол на мечот помеѓу ВБА и Свонси.

Но младиот фудбалер на гостите успеа само да се посрами и да го изведе веројатно најлошиот пенал на сите времиња.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе