Им пречат богатите договори

Не е само Де Јонг, Барса на уште двајца фудбалери им се заканила дека ќе ги даде на суд

Синоќа беше објавено дека Барселона му се заканали на Френки де Јонг дека ќе го даде на суд, но Холанѓанецот не е единствен, силично известување добиле и Марк Андре тер Штеген и Клемен Ленгле.

Барселона размислува на суд да даде тројца фудбалери, односно Френки де Јонг, Марк Андре тер Штеген и Клемен Ленгле.

Медиумите синоќа објавија дека само еден ден откако ја одбил понудата на Манчестер јунајтед, Френки де Јонг добил известување од Барселона дека неговиот договор е нелегален, имало докази за криминал, па ќе биде даден на суд доколку доброволно не се врати на претходниот договор.

Спорт сега пренесува дека слични известувања добиле и Марк Андре тер Штеген и Клемен Ленгле, сите тројца фудбалери потпишаа нови договори на 20. октомври 2020 година.

Барселона се консултирала со адвокати, кои сметаат дека има докази за криминал во операциите изведени од Жозеп Мариа Бартомеу, па сметаат дека се нелегални. Во моментов овие тројца играчи не одговараат на барањето на клубот и доколку не се пронајде компромис, „каталонците“ ќе ги дадат фудбалерите на суд и веруваат дека ќе го добијат спорот.

Жерард Пике беше четвртиот фудбалер кој потпиша нов договор на 20. октомври 2020 година, но тој се сложил да прифати намалување на платата и нема да заврши на суд.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе